НАШИТЕ УСЛУГИ
Изведба на хоризонтални дупнатини за сите видови подземни инсталацииВОДОВОД
Изведба на хоризонтални ископи за поставување и реконструкција на водоводни линии, со минимално нарушување на површината.
КАНАЛИЗАЦИЈА
Прецизни подземни ископи за фекална и атмосферска канализација, со сигурна и долготрајна инсталација.
ОПТИКА
Инсталација на оптичка инфраструктура преку модерни техники на ископ, овозможувајќи брз и стабилен интернет.
СТРУЈА
Ископи за поставување на електрични кабли и енергетска инфраструктура, со висока безбедност и прецизност.
ГАСОВОД
Изведба на ископи за поставување гасоводни линии, според највисоки стандарди за сигурност и квалитет.
Над 100+ компании ни веруваат
Децении во хоризонтално гео дупчење за подземни инсталации
Геосонд е градежна компанија со повеќе од 25 години искуство во обезбедување услуги во нискоградба. Од самите почетоци, компанијата има силен фокус на изведба на хоризонтални подземни премини со машинско дупчење.
Својот развоен пат, Геосонд го гради преку сопствено развиена технологија, со која нуди иновативни и ефикасни решенија. Нашиот пристап се темели на модуларност и ефикасност — со една технологија покриваме повеќе активности и услуги, истовремено обезбедувајќи адаптивни решенија за сите предизвици со кои се соочуваат нашите клиенти.
Компанијата е добитник на иновативен ко-финансиран грант за развој на сопствена технологија од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).
Нашата цел е да обезбедиме квалитетна услуга со максимални перформанси, создавајќи најоптимални услови за реализација на секој проект.
Континуирано се стремиме да се адаптираме на пазарните предизвици преку постојана надградба и унапредување, со јасна визија да бидеме препознаени како компанија што нуди врвни стандарди во своето работење.
Градиме доверба, создаваме партнерства и заедно постигнуваме резултати што одат чекор подалеку.
ТЕХНИЧКИ КАПАЦИТЕТИ
ЗА ХОРИЗОНТАЛНО ДУПЧЕЊЕ
ПРЕЧНИЦИ
- Микро 40 ÷ 100 мм
- Мини 90 ÷ 250 мм
- Средни 350 ÷ 700 мм
- Големи 800 ÷ 1000 мм
- Проодни до 3000 мм
КОНЦЕПТИ
- Дупчење со набивање
- Дупчење со дробење и заштитна колона
- Наведувано и не-наведувано
- Микро тунелирање
- Тунел метода со заштитна цевка
ДОЛЖИНИ
- Не-наведувано до 48м
- Наведувано до 60м
- Микро тунел наведувано до 150м
